Најмасовниот Мундијал во историјата
Светското фудбалско првенство 2026 ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во САД, Канада и Мексико. Ова ќе биде најголемото првенство досега со 48 репрезентации.
Ждрепка за групите
- Ждрепката е закажана за вечерва (петок) во 18 часот и ќе може да ја следите ВО ЖИВО ОВДЕ
Во Вашингтон ќе бидат извлечени 12 групи од четири „шешири“
- САД, Мексико, Канада, Шпанија, Аргентина, Франција, Англија, Бразил, Португалија, Холандија, Белгија, Германија
- Хрватска, Мароко, Колумбија, Уругвај, Швајцарија, Јапонија, Сенегал, Иран, Јужна Кореја, Еквадор, Австрија, Австралија
- Норвешка, Панама, Египет, Алжир, Шкотска, Парагвај, Тунис, Брегот на Слоновата Коска, Узбекистан, Катар, Саудиска Арабија, Јужна Африка
- Јордан, Зелен ’Рт, Гана, Курасао, Хаити, Нов Зеланд, победници на дополнителните европски квалификации А, Б, Ц и Д, победници на интерконтиненталните квалификации 1 и 2.

Две најдобри селекции од секоја група, заедно со осумте најдобри третопласирани, ќе обезбедат место во финалната фаза со 32 екипи.
Во моментот на ждрепката ќе бидат познати 42 учесници, а останатите шест ќе се дознаат во март преку дополнителни квалификациски турнири. ФИФА ќе ги објави точните термини и стадиони за натпреварите ден по ждрепката, во сабота во 18 часот.

Македонија пред историски предизвик
Македонија е меѓу репрезентациите кои преку бараж имаат шанса за прво учество на Мундијал. Со две победи, Македонија би обезбедила историски пласман на Светско првенство.
Прв противник ќе биде Данска против која ќе играме на гостински терен на 26 март 2026. Доколку успееме да ги минеме Данците, пет дена подоцна црвено-жолтите ќе ги чека уште еден дуел. И ток ќче го играат ба гостински терен на 31 март 2026 и тоа против победникот од дуелот Чешка – Република Ирска.
Градови домаќини
Натпреварите ќе се играат во три региони:
- Западен дел: Ванкувер, Сиетл, Сан Франциско, Лос Анџелес
- Централен дел: Гвадалахара, Мексико Сити, Монтереј, Хјустон, Далас, Канзас Сити
- Источен дел: Атланта, Мајами, Торонто, Бостон, Филаделфија, Њујорк/Њу Џерси
Групната фаза ќе трае од 11 до 27 јуни, а потоа следуваат четири кола од нокаут фазата до големото финале на 19 јули.
Термини на натпреварите
Иако ФИФА сè уште не ги потврди, медиумите шпекулираат дека мечевите ќе се играат во следниве термини:
- 18:00
- 21:00
- 00:00 (полноќ)
- 03:00 (рано наутро)
Овој Мундијал ветува спектакл без преседан – со рекорден број учесници, нов формат и историска шанса за Македонија да дебитира на најголемата фудбалска сцена.






































