Манчестер Сити ја доби голеадата против Фулам во која имаше дури 9 гола. Манчестер Сити дојде до триумф од 4:5 против домаќинот Фулам.
Натпреварот започна фуриозно уште во првиот дел. Ерлинг Халанд стигна до својот 100-ти гол во Премиер лигата со својот прв гол на натпреварот. Во 17.та минута се отвори резултатот на 1:0. На 2:0 Тижани Реиндерс по асистенција на Халанд го зголеми резултатот на 2:0 во 37.та минута. Во 44.та минута Фил Фоден постигна гол за 3:0. На полувреме резултатот гласеше 3:1 благодарејќи на Емил Смит Роу кој во 2.та минута од судиското продолжение на првиот дел го намали резултатот.
Во вториот дел не се стисна на кочница. Фил Фоден зголеми на 4:1 во 48.та минута по нова асистенција на Ерлинг Халанд. Резултатот се зголеми на 5:1 во 54.та минута по автоголот на Сандер Берге. После автоголот Фулам постигна уште 3 гола но не беше доволно за реми. Стрелци на головите беа Алекс Ивоби во 57.та минута, и Саму Чукувезе во 72.та и 78.та минута од натпреварот.
По 14 натпревари Манчестер Сити му се приближува на лидерот Арсенал на 2.то место со 28 бода. Фулам пак со 17 бода е на 15.то место на Премиерлигашката табела.





































