Ракометарите на Вардар со победа ја завршија првата групната фаза во Лигата на Европа. Вечерва во СЦ „Јане Сандански“, вардарци загубија од екипатa на Тулуз.

Натпреварот кој беше без резултатско значење, бидејќи ред овој меч Вардар имаше обезбедено пласман во следната групна рунда, црвено-црните го добија со 37-35.

Во првото полувреме се играше гол за гол се до самиот финиш кога гостите постигнаа два во низа и со 14-16 замина на одмор. Во вториот дел Тулуз имаше и најголеми три гола предност во четири наврати. Така беше се до 19-22, по што следуваше серија на Вардар од 6-1 за водство од 25-23. Црвено-црните имаа најголеми пет плус во неколку наврати, за на крајот да слават со конечни 37-35.

Со оваа победа, а вкупно пет во шесте одиграни натпревари, македонскиот вицешампион го потврди првото место во групата. Од оваа група понатаму оди и шведскиот Кристијанштад како второ пласира. Тие во следната, втора групна фаза, ќе пренесат по два бода, а ќе играат против германскиот Мелсунген и португалската Бенфика.

Тие натпревари на програмата се во февруари месец следната година. Прво пласираните ќе играат директно во четвртфиналето, а второ и трето рангираните од четирите групи ќе играат плеј-оф (осминафинале).

Следете нé на социјалните мрежи