Машката ракометна репрезентација на Македонија и во новата 2026-та година ја чека настап на големо натпреварување. Континуитетот македонските ракометари ќе го продолжат со учеството на Европскиот шампионат 2026-та.
Селекторот Кирил Лазаров денеска објави поширок список од 35-мина ракометари кои ќе конкурираат за место на првенството.
Само двајца има само двајца интернационалци, Мартин Томовски од германскиот Битигхајм и Михајло Младеновиќ од францускиот Кретеј. Во тимот повторно ќе ги нема Филип Талевски кој изрази недоразбирање со селекторот, како и Дејан Манасков кој за претходниот собир го одби повикот.
Поширокиот список за ЕП 2026:
Голмани:
Никола Митревски (Еурофарм Пелистер)
Мартин Томовски (Битигхајм, Германија)
Марко Кизиќ (Алкалоид)
Иван Галевски (Алкалоид)
Васил Гогов (Вардар 1961)
Леви крила:
Гоце Ојлески (Охрид)
Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Иван Џонов (Алкалоид)
Марио Стојановски (Вардар 1961)
Димитар Димитриоски (Прилеп)
Десни крила:
Никола Костески (Алкалоид)
Ненад Костески (Алкалоид)
Ален Ќосевски (Вардар 1961)
Александар Петковски (Алкалоид)
Средни бекови:
Игор Ѓорѓиев (Алкалоид)
Марко Митев (Алкалоид)
Дамјан Митев (Алкалоид)
Марио Танкоски (Вардар 1961)
Мартин Ивановски (Алкалоид)
Десни бекови:
Мартин Серафимов (Алкалоид)
Томислав Јагуриновски (Охрид)
Филип Николов (Бутел Скопје)
Мартин Велковски (Алкалоид)
Давид Савревски (Охрид)
Леви бекови:
Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер)
Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер)
Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид)
Михајло Младеновиќ (Кретеил, Франција)
Кружни напаѓачи:
Жарко Пешевски (Еурофарм Пелистер)
Милан Лазаревски (Вардар 1961)
Валентин Карасманакис (Алкалоид)
Марко Стојковиќ (Алкалоид)
Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер
Дефанзивци:
Никола Маркоски (Алкалоид)
Михаил Аларов (Алкалоид)
Македонија ќе се натпреварува во „Б“ групата во Хернинг, против домаќинот Данска, Романија и Португалија, а првенството ќе го почне со дуелот против светскиот шампион Данска на 16 јануари. Двете првопласирани селекции ќе продолжат во следната фаза.

































