Македонскиот ракометен вицешампион Вардар денеска ќе го игра петтиот, претпоследна натпревар во Лигата на Европа.

Вардарци гостуваат во Хрватска кај тимот на Сесвете, кој заедно со шведскиот Кристијанштад се конкуренти на црвено-црните за пласман во следната фаза.

Избраниците на Иван Чупиќ имаат бод повеќе од конкурентите. Затоа денешниот меч може и да биде еден од решавачките за конечниот поредок и пласман во следната рунда. Токму Сесвете беше првиот противник на Вардар во годинашното издание на Европската лига. Тој дуел во Скопје, вардарци го добија со пет голови разлика (34-29). Сепак, на Чупиќ и неговите „пулени“ јасно им е дека вечерва нема да биде така лесно.

Триумф денеска би значел сирурен прогрес понатаму за Вардар, но и чекор до потврда на 1.место, имајќи во предвид дека во последното коло ќе гостува Тулуз во Скопје. Францускиот тим е веќе „отпишан“ со четири порази на исто толку натпревари, а денеска ќе гостува кај Кристијанштад.

Кој ќе биде исходот од дуелот Сесвете – Вардар што ќе почне од 20.45 часот, може да ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ,

Следете нé на социјалните мрежи