Комплетирана се седмата рунда во женската одбојкарска супер лига, која мина во знакот на новиот пораз на шампионот Јанта волеј.

Тимот од скопска Кисела Вода го претрпе третиот пораз сезонава. На гостувањето во Штип, Јанта волеј загуби од Младост УГД со максмални 3-0. По овој пораз составот од Кисела Вода падна на петтото место на табелата.

Екипата на Младост УГД сега има „скор“ 5-2 (победа-порази) исто како и екипата на Газели волеј која во ова коло со 3-0 го совлада Вардар ЕМ.

Единствен не поразен тим по седум рунди остана Наковски волеј кој го доби дербито со Работнички.

ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 7.КОЛО

Младост УГД – Јанта волеј 3-0 (25:18 25:21 25:14)
Фит фан волеј – Пелистер волеј 0:3 (20:25 14:25 16:25)
Газели волеј – Вардар ЕМ 3:0 (25:15 25:19 25:21)
Работнички Скопје – Наковски волеј 0:3 (18:25 22:25 20:25)
Струмица жени – Ускана 3:0 (25:17 25:16 25:20)

Следете нé на социјалните мрежи