Ракометарите на Вардар и Охрид си ја завршија обврската од 13.коло во Супер лигата.

Двата тима впишаа победи во дуелите со Е,Пелистер 2 и Струга, па сега може да се насочат кон обврските кои им престојат на европската сцена.

Денеска своите натпревари од оваа рунда ќе ги играат шампионот Еурофарм Пелистер и четврто пласираниот Алкалоид.

Битолчани гостуваат во Скопје кај тимот на Пролет. Овој меч доаѓа по убедливиот пораз од Сегед, а во пресрет на дуелот со европскиот првак Магдебург во Лигата на шампионите. Зелено-белите мора брзо да ги консолидираат редовите и да впишат нови бодови со кои ќе го одржат чекорот во Вардар кој е лидер на табелата.

Во иста ситуација е и екипата на Алкалоид која заостанува зад конкуренцијата. Тимот од Автокоманда врза два порази во низа од Вардар и Охрид, па сега четврто пласира на табелата. Избраниците на Лазаров ќе имаат ни малку лесна задача да ја прекинат лошата серија. Тие денеска пред своите навивачи играат против Тиквеш. Кавадарчани се веднаш задача Алкалоид на 5.место, а се во низа од пет победи едно по друго.

Покрај овие два натпревари, денеска се ќе игра и дуелот Бутел – Радовиш, а колото, утре, ќе го комплетираат Куманово и Прилеп.

СУПЕР ЛИГА МАЖИ –13 КОЛО

сабота
БУТЕЛ – РАДОВИШ 16 ч.
ПРОЛЕТ – Е. ПЕЛИСТЕР 17 ч.
АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ 2014 18 ч.
недела
КУМАНОВО – ПРИЛЕП 19 ч.
одиграно
СТРУГА – ОХРИД 23-29
ВАРДАР – Е. ПЕЛИСТЕР 2 34-24