Македонскиот вицешампион Вардар утре ќе го игра четвртиот натпревар во Европската лига.
По поразот во Шведска од Кристијанштад, минатата недела, вардарци сега против истиот противник ќе играат на домашен терен. Тоа е шанса за црвено-црните со победа да го зголемат шансите за местото што води во следната фаза.
,,Имавме доволно време да се подготвиме за натпреварот што ќе следи. Ги увидовме грешките кои ги направивме на првиот натпревар. Сепак сметам дека сме подготвени за нова победа.
Со поддршка од публиката како и секогаш, Вардар мора и е фаворит во Јане Сандански.
Ги повикувам навивачите да дојдат и да ни дадат дополнителна поддршка, па заедно да се радуваме на победа”, изјави Иван Чупиќ тренерот на Вардар.
Во пресрет на дуелите од 4.коло на Е групата, Кристијанштад е прв со 5 вода, а Вардар втор со 4. На третата позиција се хрватскиот Сесцете со 3, додека францускиот Тулуз нема освоено ниту еден бод.
Утрешниот натпревар Вардар – Кристијанштад што ќе се игра во СЦ ,,Јане Сандански” ќе почне во 18.45 часот.




































