Фаворитите Металург Автокоманда и шампионот Ѓорче Петров ги оправдаа улогите. Тие во дуелите со Вардар и Куманово и впишаа нови победи во ракометната Супер лига.
убедливо славеше над Вардар со резултат 33:27.
Од самиот почеток натпреварот се одвиваше во корист на Металург, кои уште во првите минути го наметнаа своето темпо и ја контролираа играта. На полувреме заминаа со предност од 17:13, а во вториот дел ја одржаа стабилноста и без поголеми потешкотии стигнаа до заслужена победа од 33:27.
Најефикасни во редовите на Металург беа Цветановска со шест погодоци, како и Николовска и Беровиќ кои запишаа по пет. Кај Вардар се истакна Голабоска со одлични девет погодоци.
Ѓорче Петров без поголеми проблеми ја совлада екипата на Куманово со убедливи 40:25.
Домаќинките уште од почетокот ја презедоа контролата врз натпреварот, а во 17-тата минута веќе имаа водство од +6 (14:8), што најави дека изненадување нема да има. На полувреме резултатот гласеше 21:13, а и во вториот дел Ѓорче продолжи во истото темпо, освојувајќи нови бодови со сигурен и убедлив триумф.
Најдобра од Ѓорче беше Ѓорѓиевска со осум погодоци, додека од Куманово Несторовска со седум гола.
Ивона Кимовска
































