Екипите на ТФТ и Феникс впишаа нови победи во машката кошаркарска Супер лига. Во првите два натпревари од 6.коло тие ги поразија тимовите на Ангели и Тиквеш.

На натпреварот одигран во СЦ „Кале“ во Скопје, екипата на ТФТ до шестата победа стигна во дуелот со Ангели совладувајќи го со 67-57. Тимот од скопската населба Тафталиџе сега е лидер на табелата со максимален учинок, како и Пелистер кој има натпревар помалку, а утре ќе игра против МЗТ Скопје.

Вториот натпревар се одигра во салата „Јасмин“ во Кавадарци. Таму кошаркарите на Тиквеш го пречекаа скопски Феникс од кого загубија со 82-86. За скопската екипа пва е втора победа сезонава, во кој има и три пораз. И кавадаречкиот тим на Тиквеш има ист „скор“ 2-3 (победи-порази).

Во овие моменти се игра третиот денешен натпревар и тоа во Гостивар каде истоимената домашна екипа го пречекува Куманово.

Покрај дербито во Битола, Пелистер – МЗТ Скопје, утре ќе се игра и натпреварот Работнички – Чаир, а колото ќе биде заокружено во недела во Гевгелија со средбата Кожув – Маџари.

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 6 КОЛО

петок
ТИКВЕШ – ФЕНИКС 82-86
ТФТ – АНГЕЛИ 67-57
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 18.00 ч.
сабота
РАБОТНИЧКИ – ЧАИР 15.00 ч.
ПЕЛИСТЕР – МЗТ СКОПЈЕ А. 20.00 ч.
недела
КОЖУВ – МАЏАРИ 20.30 ч. МРТ3