Кошаркарите на Пелистер забележаа победа на гостувањето во Гевгелија кај Кожув со 100-88.

Иако домаќините одлично го одиграа првиот период кој го добија со 9 разлика (21-12), а на полувремето заминаа со +3 (41-38), сепак во второто полувреме гостите од Битола ја потврдија фаворитската улога. Пелистерци го решија третиот период во своја полза со 30-19, па стекнатата предност знаеја како да ја искористат и на крајот да слават со конечни 100-88.

Хаџифејзовиќ со 24 и Стаиќ со 20 поени беа најдобрите поединци во победничката екипа, додека за домаќините Ризвиќ постигна 21, а Гордон поен помалку (20).

Со оваа победа Пелистер ја продолжи доминацијата на гостинските екипи во 19-тото коло, во кое вчера сите четири средби исто така го добија гостите.

КОШАРКА ПРВА ЛИГА – 19.КОЛО
САБОТА
СТРУМИЦА –АКАДЕМИЈА ФМП 94-99
ФЕНИКС –ТФТ 66-76
КУМАНОВО –РАБОТНИЧКИ 54-82
ЧАИР –ГОСТИВАР 93-97
НЕДЕЛА
КОЖУВ –ПЕЛИСТЕР 88-100
ВТОРНИК
ЕУРО НИКЕЛ –МЗТ СКОПЈЕ А. 19.00 ч.