Денешните натпревари во фудбалската Лига на шампиони донесоа вкупно 43 број на голови на деветте одиграни дуели. Тоа уште во првиот термин го најави Барса со бедата од 6-1 над Олимпијакос.
Најефикасно беше во Леверкузен каде гостуваше актуелниот европски првак ПСЖ. Популарните „Светци“ славеа убедливо над Баер со 7-2.
Гол помалку беше постигнат во Ајндховен, каде ПСВ го торпедира италијанскиот првак Наполи со 6-2, иако гостите први поведоа.
СИТЕ ГОЛОВИ НА ЕДНО МЕСТО
Шест голови беа постигнати и во Копенхаген каде истоимената домашна екипа загуби од Борусија Дортмунд со 2-4. Италијанскиот Интер на гости кај Ројал Унион СЖ славеше со 4-0, а Њукасл на домашен терен ја победи Бенфика со 3-0. Најмалку голови во вториот (вечерен) термин имаше во Шпанија, каде Виљареал загуби од Манчестер Сити со 0-2.
Единствениот натпревар кој се одигра денеска, а на кој немаше голови беше дуелот меѓу Каират Алмати и Пафос.
Утре, не очекуваат нови девет натпревари од оваа трета рунда.





































