Македонската фудбалска репрезентација не успеа да ја оствари целта во дуелот против Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026.
Натпревар во кој Македонија требаше да триумфира против Казахстан заврши само со реми со резултат 1:1.
Во 18.минута шанса имаа репрезентативците на Казахстан. Во 34.та минута Македонските фудбалери имаа неколку последователни шанси кон противничкиот гол, но не дојде до никаква промена на резултатот. На полувреме се замина со резултат 0:0.
Казакстанците пдлично го отворија второто полувреме каде постигнаа гол за 1:0 во 54.та минута. Стрелец на голот беше Динмукхамед Караман.
Капитенот Енис Барди со прекрасниот гол од слободен удар во 73.та минута го израмни резултатот. Тргнаа црвено-жолтите со сите сили да постигнат втор гол создадоа неколку шанси. Најголемата ја имаше Серафимов во петата минута од судиското дополнение. Сепак резултатот остана не променет.
По овој натпревар, како и победата на Белгија на гостувањето кај Велс 4-2, репрезентацијата на Македонија сега е втора на табелата во Ј групата. Белгија има 14 бодови и два натпревари до крајот на квалификациите, а Македонија 13, но и останува само гостувањето кај Велс на 18 октомври.




































