Ракометарките на Вардар извојуваа важна победа во дербито против Куманово, славејќи со минимални 30:29.
Натпреварот започна израмнето, а Куманово во 8-та минута имаше предност од 4:3, но Вардар веднаш израмни на 4:4. Потоа следеше период на игра „гол за гол“, по што домашниот тим во 26-тата минута се одвои на +2 (14:12). На паузата Куманово замина со предност од 16:14.
Во вториот дел кумановки продолжија во силно темпо и во 36-тата минута стигнаа до највисоки +3 (20:17). Тие ја одржуваа предноста сè до 46-тата минута кога Вардар успеа да израмни на 24:24. Сепак, Куманово брзо возврати и повторно се одвои на три гола разлика (27:24). Возбудливата завршница ја одбележаа вардарки кои на четири минути до крај првпат поведоа со 30:29. Куманово имаше напад за израмнување, но не успеа да го искористи, па Вардар ја запиша битната победа. Крајниот резултат гласеше 30:29 во корист на „црвено-црните“. Илиќ и Миленкоска постигнаа по 8 гола во победничката екипа.
Ивона Кимовска





































