Одбојкарките на Фит Фан волеј со пораз го започнаа својот настап не меѓународната сцена.
Скопската екипа настапува во БВА Балканскиот клупски куп, чиј турнир се игра во Скендерај, Косово. Во првата рунда на турнирот тимот на Фит Фан волеј загуби од грчкиот АЕК во три сета 3:0.
Фаворитот во оваа конкуренција од самиот старт на мечот го наметна своето темпо. Уште во првиот сет (25-14), ја најави победата. Во следниот (вториот) грчките одбојкарки беа уште поубедливи, а го добија сетот со 25-9. Во последниот македонскиот тим одигра најдобро, но не доволно да го освои сетот кој противникот го доби со 25-15, а мечот со 3:0
Утре во втората рунда, Фит Фан волеј за противник ќе ја има домашната екипа на Дита во мечот од 19 часот. Во последното коло (среда, 8 октомври 16.30 ч.) противник на Фит Фан волеј ќе биде црногорскиот тим Херцег Нови.





































