Дербито на второто коло во Лигата на шампионите се одигра во Парселона каде актуелниот европски првак ПСЖ славеше победа со пресврт.
Иако шпанскиот тим поведе уште во 19.минута со голот на Феран Торес, сепак неа успеа да освои ниту еден бод. За тоа се погрижија, Мајулу во 38.минута и Гонзало Рамос со голот во 90-тата минута,
Со ист резултат 2-1, но за домаќините заврши и дуелот во Неапол. Италијанскиот шампон Наполи со двата гола на Хојлунд славеше над Спортинг Лисабон со 2-1.
Манчестер Сити пропушти победа на гостувањето кај Монако во последните моменти. Норвежанецот, Ерлинг Халанд беше стрелец на двата гола за Сити, а Монако од пенал во 90.минута стигна до бод.
Четири гола беа постигнати во Шпанија.
Јувентус иако губеше на полувреме со 0-1 од Виљареал, сепак поведе со 2-1. Но и таму конечниот исход беше решен во 90.минута. Веига спаси бод за „жолтата-подморница“ поставувајќи ги конечните 2-2.
Во Лондон, Мартинели и Сака беа стрелци на головите за Арсенал во победата над Олимпијакос со 2-0
Најубедлива беше екипата на Борусија кој ги израдува своите гледачи совладувајќи го Атлетик Билбао со 4-1. Во Германија се одигра и натпреварот во Леверкузен, каде Баер и ПСВ одиграа 1-1.