Селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот на играчи за октомвриските обврски на Македонија.

Пред македонските фудбалери се два исклучително важни натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026 година. Македонските фудбалери, како првопласирани во групата „Ј“, прво ќе и гостуваат на Белгија, а потоа ќе го пречекаат Казахстан.

Селекторот Милевски денеска го објави списокот со повикани фудбалери на кои се 26-мина. Ќе недостасува Ќамили поради повреда, а повратиници во тимот се Ашковски и Бабунски.

„ Во принцип тоа е истиот тим како на последните собири. Се надевам дека пред се сите фудбалери ќе бидат во добра здравствена состојба, па на располагање би ги имале сите.

Што се однесува до натпреварите и овие како и претходните се со иста важност. Без разлика со кого играме мора така да размислуваме и максимално да влеземе во овие дуели. Без разлика дали тоа е Белгија или Казахстан“, изјави селекторот Милевски на средбата со медиумите. 

Натпревари против Белгија во Гент ќе се игра на 10-ти, а против Казахстан во Скопје на 13 октомври, двата во терминот од 20.45 часот.

Следете нé на социјалните мрежи