Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија во втората половина на октомври го почнува новиот циклус на квалификации.
Македонските ракометарки ќе се обидат по осми пат да биде дел Европското првенство. Македонија во квалификациите за шампионатот во 2026 година ќе ги има селекциите на Германија, Словенија и Белгија. Натпреварите ќе се играат во три т.н. прозори и тоа по два во октомври 2025, и по два во март и април 2026 година.
Селекторот Кристијан Грчевски денеска објави поширок список на кој се најдоа 35 ракометари.
Во првиот круг, македонските ракометарки ќе и гостуваат на Германија, а потоа ќе ја пречекаат Словенија во Битола. Натпреварот во Гумерсбах ќе се игра на 16 октомври со почеток во 19.30 часот. Дуелот во Битола е закажан за 19 октомври година во 18 часот.
Пласман на шампионатот ќе обезбедат првите две рангирани селекции од шесте групи, како и четирите најдобро трето рангирани.
Ивона Кимовска