Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром повторно сезоната ќе ја почнат со трофеј.

Откако минатата ја завршија со двојна „круна“ (шампион и победник на Купот на Македонија), тимот на МЗТ Скопје новата ќе ја почне со трофејот од Супер купот.

Ова откако во неизвесен натпревар, што беше решен во последната минута, аеродромци беа подобри од гевгелиски Кожув со 71:65.

За тимот на МЗТ Скопје ова е петти пат по ред, а вкупно осми, да го освои Супер Купот „Драган Василов – Цевка“.

Следете нé на социјалните мрежи