Кошаркарите Кожув минатата сезона не успеа да стигне до првиот трофеј во мак-баскетот. Гевгеличани пред своите гледачи го загубија Куп финалето против МЗТ Скопје.
Сега тимот на Кожув ќе има нова шанса и тоа повторно против шампионот МЗТ Скопје. Тоа ќе биде воведниот натпревар од новата сезона, односно Супер купот.
Илија Колев, еден до најдобрите во составот Кожув, е свесен за важноста на натпреварот кој е закажан за недела од 19.30 часот. Вели дека екипата го дочекува во добра атмосфера.
„Во недела не очекува важен натпревар, против екипата на МЗТ Скопје, која добро ја познаваме. бидејќи игравме лани против нив во финалето на Купот. Добро тренираме, имаме добра хемија во екипата.
Како што се вели, нека победи подобриот. Исто така ја повикувам нашата публика да дојде во поголем број во Скопје, и да не бодри“- посакува крилото на екипата од Гевгелија.
Натпреварот меѓу МЗТ Скопје и Кожув ќе се игра во недела во СЦ „КАле“ од 19.30 часот.




































