Втор ден натпревари на меморијалниот турнир „Андреј Грковски – Тафта“ што е во организација на скопскиот кошаркарски клуб ТФТ.

Денеска на програмата се натпреварите за пласман. Тимовите на МЗТ Скопје Аеродром и ТФТ ќе играат во финалето, додека Кожув и Тиквеш во дуелот за третото место. Ова откако вчера скопските екипите на беа подобри од кавадарчани и гевгеличани.

Финалниот млеч меѓу МЗТ Скопје и ТФТ практично ќе биде реприза на ланското финале за шампионскиот трофеј. Ова ќе биде добра можност, како за тренерите на двете екипи, така и за љубителите на кошарката, видат со какви сили располагаат двата тима пред стартот на новата сезона.

финалниот млеч меѓу МЗТ Скопје и ТФТ ќе почне од 19.30 часот, а дуелот за 3.место меѓу Кожув и Тиквеш 17 часот. Натпреварите си играат во СЦ „Кале“.