Во СЦ ,,Кале” во Скопје се игра меморијалниот кошаркарски турнири „Андреј Грковски – Тафта“, во организација на КК ТФТ.

На турнирот на кој настапуваат четири македонски екипи, попладнево на програмата се полуфиналните дуели.

Во првиот, шампионот МЗТ Скопје Аеродром славеше победа над кавадаречки Тиквеш .

во интересен и резултатски израмнет натпревар аеродромци славеа со 71-65.

Во второто полуфинале од 19.30 часот ќе играат домаќинот и организаторот на турнирот ТФТ и гевгелиски Кожув. Утре на програмата се дуелите за третото место и финалето.

Следете нé на социјалните мрежи