Новата сезона во мак-баскетот полека наближува. Екипите од елитната Суперлигашка конкуренција веќе се навлезени во вториот дел од подготовките. Како дел од истите, денеска и утре во СЦ „Кале“ четири тима ќе играат на мини турнир.

Имено, и годинава, по втор пат, КК ТФТ го организира меморијалниот турнир во чест на својот прерано починат симпатизер и пријател „Андреј Грковски – Тафта“.

„Овој турнир не е само спортски настан, туку и момент на сеќавање, благодарност и хуманост.

Во негова чест, турнирот го носи неговото име и ќе биде од хуманитарен карактер – сите средства собрани од турнирот ќе бидат донирани на семејството на Андреј“,

истакнуваат од клубот од скопската населба Тафталиџе.

Денеска на програмата се полуфиналните натпревар. Први на теренот од 17 часот ќе излезат екипите на МЗТ Скопје и  Тиквеш. Во вечерниот термин од 19:30 часот домаќинот ТФТ ќе игра против Кожув.

За утре (недела)
закажани во истите термини (17:00 и
19:30 часот) закажани се натпреварите за третото место и финалето.