Втор ден натпревари на женскиот ракометен турнир „Трофеј Македонија“ што се одржува во Охрид.

Македонската сениорска репрезентација турнирот го полна со вчерашната победа над Тунис (34:27). Денеска, избраничките на селекторот Кристијан Грчевски за противнички ќе ги имаат ракометарките на Египет кои беа поразени од Грција.

Дуелот меѓу Македонија и Египет ќе се игра во вечерниот термин од 20:30 часот. Претходно (18.15 часот) од Грција и Тунис ќе го одиграат својот натпревар од втората рунда.

Влезот во салата „Биљанини Извори“ е слободен, а натпреварите може да ги гледате и во на Јутуб каналот на РФМ.

Инаку овие три натпревари за нашите ракометарки ќе послужат како подготовка за претстојните дуели против Германија и Словенија во квалификациите за ЕП 2026 година.

Ивона Кимовска

Следете нé на социјалните мрежи