Дербито на првото коло на ракометната Супер лига одиграно попладнево во салата во Автокоманда меѓу Алкалоид и Охрид заврши без победник 24:24 (11:13). Конечниот резултат е најреалниот исход на натпреварот.
Гостите од Охрид беа подобриот тим во првото полувреме и во најголемиот дел имаа водство, кое на полувреме изнесуваше два разлика – 13:11.
На почетокот на вториот дел по 15:13 за Охрид, Алкалоид направи серија од 6-0, а гостите не постигнаа гол десет минути. Алкалоид поведе со 19:15 и гостите беа тие кои бркаа негатива. Во последните две минути гостите израмнија на 22:22, а потоа со двата гола на Анте Иванковиќ имаа предност од еден гол.
Но, Алкалоид прво преку Урош Борзаш, а потоа и со голот на Валентина Карасманакис во последната секунда стигнаа до изедначување 24:24.
Борзаш со 6 голови беше најефикасен на натпреварот, а Дарко Ѓукиќ кај Охрид постигна 5.


































