Познати се последните три екипи осминафиналисти во фудбалскиот Куп на Македонија.
Ова откако попладнево беа одиграни последните три натпревари од првата рунда, а во нив фаворитите ги оправдаа улогите и славеа победи на гостински терен.
Шампионот Шкендија, како гостин во Тетово, убедливо ја пораз екипата на Јени Маале со 9-0 .
Во Гевгелија, Кожув ќе го пречека Шкупи од кого загуби со 0-2, а во Автокоманда, каде Скопје беше домаќин на Тиквеш на победа се радуваа гостите со 0-1.
Со тоа комплетиран е списокот на 16 екипи кои ќе ја чекаат ждрепката за осминафиналето. Во следната рунда, наместо еден, ќе се играат по два натпревари и тоа на 26 септември и 9 октомври.
Во осминафиналето ќе има десет прволигаши и шест екипи од Втора МФЛ. Првата пречка од најдобрата конкуренција не ја минаа само Арсими и Брера Струмица.
Прва МФЛ:
Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Вардар, Струга Трим Лум
Втора МФЛ:
Брегалница, ГФК Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица, Новаци




































