Македонската фудбалска селекција ја запиша третата победа во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Црвено-жолтите убедливо го совладаа Лихтенштајн со 5-0. Стрелецот на првиот гол Ељиф Елмас не го криеше задоволството од добро прикажаната игра.

Тој потенцира дека оваа селекција има потенцијал и огромна желба да боде дел од светската елита.

„ Ќе се обидеме да го исполниме нашиот детски сон. Се ежам кога се зборува за Мундијалот, од самиот почеток целам на највисоко ниво, затоа и сме тука, даваме се од себе за да ги исполниме нашите, но и соништата на многу деца “, изјави Елмас по натпреварот. 

Следете нé на социјалните мрежи