Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија попладнево ќе го игра петтиот натпревар во квалификациите за СП 2026-та.
На националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје, гостува аутсајдерот во групата Лихтенштајн.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски имаат само една мисла, победа, против селекцијата која досега ги загуби сите натпревари (четири).
Само со триумф македонските фудбалери прво би се вратиле на врвот на табелата, а поважно, би останале во конкуренција за највисок пласман.
„Додека сум селектор, никогаш нема да потценам ниту еден противник.
Нашата цел е јасна, три бода кои се исклучително важни во моментов,
Задоволен сум од изданието на фудбалерите кои дебитираа против Саудиска Арабија. Лука Станковски, Елмин Растодер и Решат Рамадани покажаа дека имаат квалитет и се разбира дека сметаме на нив и на натпреварите за бодови“, изјави Милевски.
Натпреварот Македонија – Лихтенштајн ќе почне од 18 часот, а ќе може д аго гледате во ЖИВО низ тв пренос на МРТ.
Покрај овој натпревар денеска во групата Ј се игра и дуелот меѓу Белгија и Казахстан (20.45 ч.).
КВАЛИФИКАЦИИ СП 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА