Македонската А репрезентација утре од 18:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје ќе го пречека Лихтенштајн во рамки на квалификациите за Светското првенство.

Нашиот национален тим ќе се обиде да стигне до домашна победа во циклусот, по реми натпреварите со Велс и Белгија.

Единствено победа е во мислите на македонските фудбалери во дуелот со Лихтенштајн.

„Мислам дека ќе имаме тежок натпревар, така беше и во Вадуц додека не го отворивме резултатот. Сите сме свесни што нè очекува, направивме анализа и знаеме што треба да поправиме.

Подготвени сме за дуелот, а три бода можат многу да ни значат за да го завршиме овој прозорец на првото место.

Секогаш кога играме за Македонија мотив не е потребен, победата е нашата единствена цел“, изјави капитенот Енис Барди. 

Утрешниот дуел Македонија – Лихтенштајн ќе почне во 18 часот, а може да го гледате и низ ТВ предност на МРТ. 

Следете нé на социјалните мрежи