Шампионот МЗТ Скопје Аеродром очекувано забележа победа против екипата на Чаир во последниот натпревар од 18.коло на Првата машка кошаркарска лига.
Поради настапот на аеродромци во регионалната АБА конкуренција, повој меч се одигра нешто подоцна, а во него сино-белите немаа никаков проблем да стигнат до 16-тата победа. МЗТ триумфот го најави во првиот дел откако ги доби правите две четвртини со 25-19 и 25-18, па на одмор замина со 15 поени предност.
Така вториот дел мина во чиста формалност, па МЗТ славеше со конечни 113-79.
Најефикасен во победничката екипа беше Мичовиќ со 26, додека Кук постигна 16 поени .
МЗТ Скопје е на првата позиција на табелата со „скор“ 16 победи и 2 порази, а два триумфи повеќе од второ рангираниот Пелистер.