Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски го соопшти списокот со повикани фудбалери пртстојните два септемвриски натпревари.
Првиот е контролниот натпревар против Саудиска Арабија (4. септември, Прага), а потоа (7. септември, Национална арена „Тодор Проески“) против Лихтенштајн во квалификациите за Светско првенство 2026.
Двајца дебитанти се наоѓаат меѓу 26-те повикани фудбалери на кои ќе смета нашиот предводник.
грачот од средниот ред на Шкендија, Решат Рамадани и напаѓачот Елмин Растодер од швајцарски Тун, прв пат добиваат повик во најдобриот национален тим.







































