Актуелниот македонски првак, тимот на Шкупи по втор пат оваа сезона му врачи отказ на тренерот Гоце Седлоски.
Седлоски речиси цела сезона беше под будното око на раководството на тимот од Чаир а веќе еднаш на почетокот на сезоната, кога тимот беше во лоша серија резултати Седлоски и Шкупи се разделија.
Набрзо потоа тимот реши да му даде нова шанса на Седлоски, но денес повторно дојде до разделба, откако клубот никако да го фати посакуваниот ритам.
За потсетување, Седлоски минатата сезона му донесе титула на Шкупи и плејоф во квалификациите за Конференциската лига.