Македонскиот првак Шкендија го заврши својот настап во фудбалската Лига на шампиони.

Тетовци и по втор пат се поразени од азербејџанскиот Карабах во 3.коло од квалификациите. Вечерва во реваншот во Баку, Шкендија загуби со 1-5.

Иако натпреварот одлично почна за тетовци, сепак во продолжението Карабах ја потврди фаворитската улога.

Шкендија брзо ја анулира предноста од првиот натпревар кога во 10.та минута Фабриц Тамба постигна гол за 1:0.

Потоа се случи ,,торпедирање”.

Прво во 16.минута со автогол на Клисман Цаке, израмни Карабах, а за потоа во 18-тата да стигне и до водство од 2:1 со голот на Кади Боргес. Нариман Акунѕаде во 33.минута зголеми на 3:1. Првиот дел заврши со 4:1 по голот од пенал во 35.та минута на Марко Јанковиќ.

Во вториот дел веќе се беше помирно и со голот на Леандро Андраде во 59.та минута се поставија конечните 5:1 за Карабах. Со вкупен резултат од 6:1 азербеџански Карабах го добија двомечот со македонскиот првак Шкендија.

Сепак македонскиот шампион останува на евро-сцената. Шкендија сега ја чека двомечот за Лига Европа, а ќе игра со поразениот од натпреварот меѓу Лудогорец Разград и Ференцварош. Натпреварите се играат на 21 и 28 август.