Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз го заврши својот настап во квалификациите за Европскиот шампионат.

И во четвртиот натпревар од овие квалификации, македонските одбојкарки загубија без да освојат сет.

Денеска тоа беше случај на гостувањето кај Австрија од која загубија со 3:0. Иако пружија голем отпор, сепак тоа не беше доволно да се освои барем еден сет. Првиот го загубија со 19-25, а во вториот беа поблиску, но го загубија и тој со 23-25. Во третиот сет, Австријките беа далеку подобри па го решија во своја полза со 10-25.

Така на четирите одиграни натпревари селекцијата на Македонија не успеа да освои ниту еден сет.

Со ова одбојкарките ги завршија репрезентативните обврски, кои започнаа пролетта, со настапот во Европската Сребрена лига.

Следете нé на социјалните мрежи