Два нови натпревари носи вториот од четирите дена на отворањето на новата сезона во ПМФЛ

Вчера во премиерата шампионот Шкендија и освојувачот на Купот, Вардар, славеа убедливи домашни победа над Шкупи и Пелистер со 5-1 односно 4-1.

11-те постигнати голови на двата меча ветуваат ефикасна прва рунда, особено имајќи ги го предвид останатите двојките за првото коло.

Попладнево од 17.30 часот ќе стартуваат дуелите во Куманово и Струга.

По долги години кумановци повторно ќе гледаат прволигашки фудбал. Домашниот состав на Башкими ќе го пречека новајлијата Арсими.

Во вториот меч, повратникот во прволигашката конкуренција, тимот на Македонија Ѓорче Петров гостува кај ланскиот првак Струга Трим Лум. Овој натпревар ќе може да го гледате ОВДЕ и низ ТВ пренос на МРТ3 (линк)

Останатите два натпревари од првото коло ќе се играат утре кога во Кавадарци, Тиквеш ќе го пречека Работнички, односно во понеделник кога во Кратово ќе се сретнат Силекс и АП Брера Струмица.

Следете нé на социјалните мрежи