Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва ќе го играат третиот натпревар во квалификациите за Лигата на шампионите.

Во рамките од третата рунда, тетовци во Скопје го пречекува тимот на Карабах.

Иако азербејџанскиот тим има поголемо искуство и важи за фаворит, сепак во таборот на Шкендија веруваат во позитивен резултат.

Капитенот Бесарт Ибраими очекува уште еден борбен настап на својот тим, како што тоа беше на претходните четири натпревари. 

„Очекувам го дадеме најдоброто од себе.

Не ми е важно дали јас ќе постигнам гол, но ќе се трудам. Важно ми е на крајот тимот да се радува и победи. 


Едноставно, мора да веруваме во себе, во своите квалитети и така да излеземе и да го одиграме овој натпревар. Зошто да не го добиеме овој натпревар, па на реваншот во Баку да имаме поповолна ситуација.

Само така можеме дополнително да испишеме историја, не само за клубот туку и македонскиот фудбал воопшто“, потенцира Ибраими. 

Како ќе изгледа настапот на Шкендија против Карабах во натпреварот што ќе почне од 20 часот., може да гледате овде и низ директниот тв пренос на МРТ3 (овде). 

Тетовци веќе си обезбедија долг престој на европската сцена, но сакаат тоа да биде и во Лигата на шампионите.