Фудбалерите на Шкендија утре ќе го играат првиот натпревар од третета квалификациски рунда за Лигата на шампионите.
Македонскиот првак во Скопје го пречекува тимот на Карабах.
Иако азербејџанскиот тим има поголемо искуство и важи за фаворит, сепак во таборот на тетовци веруваат во позитивен резултат.
,,Карабах е сериозен тим. Шампион на својата земја 11 пари во последните 12 сезони.Тоа доволно говори за каков противник се работи. Сепак, ние имаме свои сметки и планови. Верувам дека со максимално сериозен пристап може да извлечеме поволен резултат на утрешниот натпревар. Но, убеден сум дека севкупниот победник во овој двомеч ќе се решава на реваншот во Баку”, изјави тренерот Јетон Беќири.
Со него се согласува со капитенот Бесар Ибраими кој додаде.
,,Наше е да излеземе на теренот и да го дадеме максимумот. За разлика од претходните натпревари сега немаме притисок, тој е на време на Карабах. Имаме одличен тим кој доколку одигра како што знае и умее, можеме да оствариме уште еден голем успех”, изјави Ибраими.
Утрешниот натпревар Шкендија – Карабах што ќе се игра на арената ,,Тодор Проески” со почетокот од 20 часот.