Женската ракометна селекција на макеоднија е поразена во својот птв натпревар на Европскиот младински фестивал во Скопје (ЕМОФ).

Во дуелот од 1.коло на А групата, младите македонски ракометарки беа надиграни од Исланд убедливо со 22-29.

Освен почетниото водство 1-0, се останато беше во знакот на противничките кои постојано имаа убедлива предност.

Мила Ристовска со 5 голови беше нашата најефикасна ракометарка. По три гола постигнаа Марија Димовска и Реона Мифтари.

Утре противнички на напите ракометарки ќе им бидат Швајцарките, а во среда ќе играат против Норвешка. Двата дуели ќе се играа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во терминот од 16 часот.

Copy of FOLLOW FOLLOW US by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА