Македонскиот одбојкарски првак во машка конкуренција, Струмица и претстојната сезона ќе нé претставува во елитната ЦЕВ Лига на шампионите.

Струмичани на денешната ждрепка одржана во седиштето на ЦЕВ во Луксембург го добија противникот на првата квалификациска рунда.

Струмичани ќе се соочат со силниот романскиот тим на Динамо од Букурешт. Првиот меч ќе се игра во Струмица на 21 октомври во сала „Парк“, со почеток од 19 часот. Реванш средбата е закажана на 28 октомври во Букурешт со почеток по 18 часот.

Победникот од овој двомеч ќе обезбеди пласман во втората рунда.

Поразениот тим, пак, продолжува со настап на европска сцена, но во 1.коло од ЦЕВ купот. Таму за противник ќе го има тимот на Јухострој Чешке Будејовице од Чешка. Овој двомеч би се игра во периодот од 11/13 ноември (дома), односно 18/20 ноември (на гости).