Фудбалерите на Вардар имаа успешен стар на европската сцена, поточно, во УЕФА Конференциската лига.

Во првиот натпревар од првата квалификациска рунда Вардар ја оправда фаворитската улога против Ла Фиорита и славеше со 3-0.

Може да жалат вардарци и нивните навивачи „комити“ што победата не беше изразена и со поголема разлика. Ова особено по неколкуте големи шанси во првиот дел кои не беа реплициран.

Затоа пак во вториот дел, вардарци три пати ја затресоа мрежата на тимот од Сан Марино.

Гол серијата ја отвори Азер Омиерагиќ по само две минути игра (47). На вториот гол се чекаше до 66-минута, кога Камерунецот, Донгмо си постигна автогол.

Само две минути подоцна (68) и Роџерс Мато се запиша во листата на стрелци, поставувајќи ги конечните 3-0.

Со оваа победа Вардар е со една нова во втората квалификациска руда, а тоа црвено-црните треба да го потврдат во реваншот следниот четврток.