Македонската фудбалска репрезентација бележи напредок на најновата ранг-листа што денеска ја објави ФИФА.
Македонија одигра одлично во јунскиот циклус од квалификациите за Светското првенство 2025-та. Нерешениот резултат со Белгија, и победата над Казахстан на гости, придонесоа, Македонија на направи скок од пет места.
Сега црвено-жолтите се на 62-рото место на ФИФА ранг-листата.
На најновата ФИФА ранг-листа нема промени на првите пет позиции, па и натаму светскиот првак Аргентина е на првото место, пред Шпанија, Франција, Англија и Бразил.
од нашите мундијалски противници, Белгија е највисокото рангирана осма, а пред нас е и Велс 32.место (пад за две позиции). Казахстан е 114-ти, а Лихтенштајн дури на 204-тата позиција.
Токму Лихтенштајн ќе биде следниот противник на Македонија, во Мундијалските квалификации. Натпреварот ќе се игра во Скопје на 8 септември.






































