Германија остана без претставник во завршницата на Светското клупско првенство, што се одржува во САД. По минхенски Баер и екипата на Борусија Дортмунд го заврши настапот во четвртфиналето. За тоа се погрижи Реал Мадрид.

Шпанскиот тим во четвртфиналниот меч ја победи Борусија со 3:2.

Најголемиот дел од работата кралскиот тим ја заврши уште во првото полувреме односно првите 20 минути кога постигна два гола. Веќе во 10.минута 21-годишниот Гонзало Гарсија ја затресе мрежата на „милионерите“. Девет минути подоцна (19), заспаноста на германската одбрана ја искористи и казни Фран Гарсија кој зголеми на 2:0.

Во вториот дел, двете екипи создадоа по неколку убави шанси за гол, сепак мрежите мируваа, се до самиот финиш, односно судиското дополнение. Во него беа постигнати дури три гола.

Се играше третата минута (90+3) кога Бејер го совлада Куртоа и намали на 2:1. Не мина ниту минута, кога Килијан Мбапе повторно ја врати предноста на Реал на два гола (3:1). И тука не беше крајот на голеадата, бидејќи Гираси од пенал (90+8), реализира за конечни 3:2 за Реал.

Така Реал Мадрид се вброи меѓу четирите екипи што остануваат во игра за шампионскиот трофеј. Но, на патот кон финалето на Реал му стои актуелниот европски првак ПСЖ кој во четвртфиналето го совлада Минхенски Баерн.

Следете нé на социјалните мрежи

Последните три натпревари (полуфинале и финале) на клупскиот Мундијал ќе се играат во Њујорк на стадионот „Мeтајф“.

1/2 ФИНАЛЕ

Вторник 8 јули
21.00 ФЛУМИНЕНСЕ– ЧЕЛЗИ
Среда 9 јули
21.00 ПСЖ – РЕАЛ МАДРИД

Следете нé на социјалните мрежи