Погребот на фудбалерот на Ливерпул , Диого Жота, е во тек во Португалија, каде семејството, пријателите и поранешните соиграчи се собраа за да му оддадат последна почит.
Пријателите и семејството на 28-годишниот фудбалер, кој почина заедно со својот брат Андре Силва (25) во сообраќајна несреќа во четвртокот, беа видени во солзи додека ги носеа своите ковчези во црквата.
Сегашните и поранешните соиграчи на ѕвездата од Премиер лигата постојано пристигнуваат во црквата утрово пред службата.
Фудбалерите на Ливерпул кои пристигнаа во градот синоќа, присуствуваа на погребот денес заедно со мноштво португалски ѕвезди.
Меѓу нив беа и сегашниот капитен Вирџил ван Дајк, кој држеше цветен аранжман во форма на дресот на Диого со бројот 20, и Енди Робертсон, кој носеше црвен дрес со бројот 30 на Андре.
Фотографиите може да го видите на линкот (овде)





































