Двајца македонски тренери, Жарко Ристоски и Хари Наковски ги надградија своите тренерски биографии. Тие се стекнаа со сертификати од „FIVB Coaches Course Level 3“ на тренерскиот семинар, кој викендов се одржа во Подгорица.

Ристоски и Наковски беа македонски претставници на семинарот на кој учествуваа 20 тренери од целиот свет. Како предавачи се појавија Густаво Мечик, кој беше и директор на семинарот и турскиот стратег Џенгиз Акарчесме.

Семинарот во Подгорица беше еден од петте тренерски семинари од ваков тип, кои Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) ги организира оваа година и единствен во Европа, со оглед на тоа дека другите се во Нигерија, Еквадор, Јордан и Алжир.