317-тото издание на УФЦ, мина во знакот на грузискиот борец Илија Топурија. Тој уште еднаш докажа зошто е еден од највозбудливите таленти во ММА. Во борба што предизвика големо внимание во светот на боречките спортови, Топурија го нокаутира поранешниот шампион Чарлс Оливеира за само две и пол минути во првата рунда, обезбедувајќи си шанса за титулата во лесна категорија.

Борбата започна со високо темпо и жестоки удари од двете страни. Топурија вешто го дочека моментот, пласирајќи блескав спој од два удари што го “патосира” Оливеира. Ипокрај тоа што неговиот противник веќе беше во несвест, Грузинецот го доврши со уште два последователни удари.

Со овој триумф, Топурија сега има импресивен биланс од 17 победи без ниту еден пораз, а неговата репутација како најбрзо растечка ѕвезда во UFC е само зацврстена.