Екипата на Шкупи ја забележа и петата победа во пролетниот дел од првенството во Втората машка кошаркарска лига.

Чаирчани во натпревар од 19 коло, убедливо со 95-72 го совладаа Водно Санс еден од конкурентите за влез во плејофот.

Иако гостите добро го отворија натпреварот и на првата пауза заминаа со +8 (16-24), сепак во продолжението Шкупи беше тимот кој ја наметна играта и ги доби наредните три четвртини (27-17, 25-13 и 27-18), за на крајот да слави со убедливи 23 поени разлика.

Со оваа победа тимот од Чаир сега се израмни со Куманово, Охрид и Водно Санс, сите со по 28 бодови, но Кумановци и Охриѓани, денеска треба да ги играат своите натпревари од ова коло.

ВТОРА ЛИГА – 19.КОЛО
САБОТА 18
ШКУПИ – ВОДНО САНС 95-72
БАСКЕТ КАМ – ВАРДАР (14.00 ч.)
КУМАНОВО – АНГЕЛИ (16.00 ч.)
СОКОЛИ – ОХРИД (18.00 ч.)
НЕДЕЛА 
РАБОТНИЧКИ – ЦРН ДРИМ (13.00 ч)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – БОРЕЦ БАСКЕТ (15.00 ч.)