Ракометарите на Еурофарм Пелистер очекувано ќе играат во финалиот меч на четвртата група во ракометниот Куп на Македонија.

Пелистерци кои се домаќини на оваа група, на првата средба одиграна во салата Боро Чурлевски, лесно и убедливо го совладаа Куманово со 33-21 и се пласираа во „финалето“ на групата.

Ненад Костески со 7 постигнати голови беше најефикасен во победничката екипа за која четворица ракометари (Кузмановски, Атанасијевиќ, Соусси и Хенненберг) постигнаа по пет голови, колку што на спротивната страна постигна Бечејац, додека Ѓурашковиќ со 6 гола беше најефикасен на Куманово.

Еурофарм Пелистер сега ќе го чека исходот на натпреварот меѓу Струга и Тиквеш по што ќе го дознае својот противник за вчерашниот натпревар (20 часот), преку кој ќе брка настап на завршниот турнир во Купот на Македонија, закажан за мај месец.