Одбојкарската федерација на Македонија ќе бидат организатори на Балкански шампионат во одбојка на песок. На ова првенство ќе настапат за одбојкари и одбојкарки до 22 години, а ќе се одржи на градскиот плоштад во Тетово. Натпреварите ќе стартуваат утре (25 јуни) и ќе се играат до петок (27 јуни.
Осум екипи во машка конкуренција и седум женски тима од Македонија, Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија пријавија учество на ова натпреварување.
Според програмата утре и в четврток претпладне се играат прелиминарните натпревари. Во четврток попладне се елиминациите, додека петокот е резервиран за финалните натпревари и распределбата на медали.
ОФМ и општина Тетово како технички организатор го „преуредија“ градскиот плоштад во терен за одбојка на песок. Таму во следните три дена треба гледаме голем број на возбудувања.






































