18-тата рунда во Првата машка кошаркарска лига денеска носи три натпревари.

Од нив два ќе се играа во СЦ „Кале“ во Скопје.

Од 17 часот Работнички ја пречекува последно пласираната Струмица, а веднаш по тоа следува и дуелот меѓу ТФТ и претпоследно пласираниот тим на Академија ФМП.

Денешната програма ќе ја заокружат Феникс и Кожув.

Утре ќе се одиграат уште два натпревари, во Гостивар каде гостува Куманово, односно во Битола, кладе второ рангираниот Пелистер го дочекува кавадаречки Фени Индустри кој заедно со ТФТ се недела на 3-тото и 4-тото место.

Поради настапот на шампионот МЗТ Скопје Аеродром во АБА лигата, последниот меч од оваа рунда ќе се одигра во вторник.

ПРВА ЛИГА 18.КОЛО ДВОЈКИ 
САБОТА
РАБОТНИЧКИ – СТРУМИЦА 17.00 ч.
ТФТ – АКАДЕМИЈА ФМП 19.30 ч.
ФЕНИКС – КОЖУВ 20.30 ч.
НЕДЕЛА
ГОСТИВАР – КУМАНОВО 17.00 ч.
ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ 18.30 ч.
ВТОРНИК
ЧАИР – МЗТ СКОПЈЕ А. 18.00 ч.