Марија Николовска потпиша во екипата на Чаир. Николовска е ново, но добро познато име во редовите на ЖРК Чаир. Искусната ракометарка се враќа во клубот каде што веќе настапуваше три сезони

Николовска може да покрие сите позиции во бековската линија, а зад себе има богато искуство од македонската и меѓународната сцена. На домашна сцена освен во Чаир играше во Вардар, Ѓорче Петров и Спартак, додека на репрезентативно ниво некоку пати учествуваше на подготовките во сениорската репрезентација.

Минатата сезона играше во странство – за косовската Самадреџа и грчкиот АЕК Атина.

Николовска е четвртото засилување за Чаир летово, по голманката Ема Кирова, левото крило Мила Трајковиќ и бекот Изабела Фереира.

Ивона Кимовска